Апсолутно неодоливи дијамантски патики | Trendseteri
Menu

Апсолутно неодоливи дијамантски патики

Ако ви се допаѓаат еве ја и цената

 
Мерлин Монро во култниот филм „Мажите сакаат плавуши“ пееше за тоа дека дијамантите се најдобри пријатели на жените. Тоа го инспирираше и Jimmy Choo!
 
Популарниот дизајнер постојано изненадува со прекрасни модели кои би сакале да ги имаме во нашиот плакар, сега смисли модел кој се издвојува од останатите.
 
Од неговата модна куќа доаѓаат патики кои имаат дури 4564 Сваровски кристали, а имаат и кристална основа со чипка која го надополнува целиот изглед.
Цената на овие посебни патики е 2995 евра.
 
Креативната директорка Sandra Choi изјави:„Замислив како чекорам низ дијаманти, играјки со чувството на чистота и леснотија. Од таа идеа се креираа Дијамантските патики.“
 
Овие патики не се дизајнирани за невести, туку за секоја жена што сака да се чувствува посебно. Сепак не се вистински избор за прочетка со кучето или за играње со децата во паркот, заради цената и материјалот. Но кој би сакал, слободно нека повели. 
 
By Jimmy Choo