Дијамант на теренот – Rolls-Royce Cullinan најлуксузниот SUV автомобил
Rolls-Royce го претстави својот најлуксузен SUV автомобил, Rolls – Royce Cullinan кој може се вози и на најтешките терени. Ова е првиот SUV на компанијата во нејзиното 112-годишно постоење.
Она што е изненадување на Rolls-Royce е дека овој автомобил ќе може да се извалка и во кал односно спремен е за најтешките терени. Теренските способности на Cullinan се споредуваат со оние на Range Rover.
Инаку, како што и се очекува од Rolls – Royce, најголемо внимание е посветено на луксузот и комфорот во возењето. Внатрешноста нуди неверојатна комфорност и луксуз, изработена од најдобри можни материјали, додека воздушната суспензија треба да ги пегла дупките како што не може ниту еден друг автомобил. Cullinan е дизајниран да ги задоволи вкусовите на најбогатите потрошувачи.
Под неговата хауба лежи 6,75 литарски V12 мотор, кој развива 563 КС со максимални 250 km/h.
Силата се пренесува на сите тркала, а Culinnan е опремен и со систем за управување на сите четири тркала.
Максималната брзина на овој SUV тежок 2.660 килограми електронски е ограничена на 250 километри на час, а од Rolls-Royce се уште не објавија колку му е потребно на овој автомобил за да забрза од 0 до 100 километри на час.
Почетната цена на автомобилот изнесува 325.000 долари.