Дикаприо и Пит номинирани за Оскар | Trendseteri
Menu

Дикаприо и Пит номинирани за Оскар

Дикаприо главна машка улога, Пит споредна машка улога

 

Двајцата легендарни актери Леонардо Дикаприо и Бред Пит нема да се натпреваруваат еден против друг во овогодинешното доделување на Оскари за филмот “Once Upon a Time in Hollywood”.

За да го избегне ризикот на поделба на гласовите за филмот, Sony се одлучи за номинација главната машка улога да припадне на Леонардо Дикаприо во улога на поранешна холивудска ѕвезда од 60-те, Рик Далтон, додека неговиот поранешен каскадер, подоцна шофер и мајстор за сите поправки, Клиф Бут (Бред Пит) за најдобра споредна машка улога.

Пит досега има добиено три номинации за Оскар: за споредна улога во “12 Monkeys” во 1996 година, за актер во главна улога во “The Curious Case of Benjamin Button” во 2009 година и за “Moneyball” во 2012 година. Но, Оскар сеуште не добил.

Со тоа, како номиниран за споредна улога Бред Пит би имал повеќе шанси за Оскар, бидејќи Дикаприо, иако со тешки маки, веќе го доби Оскарот во 2016-тата година за улогата во филмот “The Revenant”.