Како да реагирате кога детето се однесува недолично | Trendseteri
Menu

Како да реагирате кога детето се однесува недолично

Најдобрата приказна што некогаш ќе ја прочитате

 

Понекогаш се случува да ве нервира повеќе него што можете да замислите детската активност. Тоа може да се случи кога одите на прошетка или во маркет. Но, како да ја задржите вашата смиреност во ситуација кога детето ќе почне недолично да се однесува и неможе да се контролира?
Пронајдовме одговор на тоа прашање во приказната за дедото кој ја знае тајната како да се справи со детските хирови.

Жена во супер маркет поминувала близу до еден дедо и неговиот внук кој се однесувал лошо. Било очигледно дека дедото имал полни раце, со детето кое врискало за слатки, за колачи на поминување, за овошје, житарици, чоколадите и соковите по полиците.

Во мешувреме, додека старецот си ја обавувал работата, зборувал со смирен глас: „Полека Алберт, нема уште долго да се задржиме. Полека.“ Детето врискало ли врискало, а жената слушнала како дедото повторно мирно зборува: „Во ред е Алберт, само уште неколку минути и ќе излеземе од тука. Смири се.“

На касата детето почнало да ги фрла предметите од количката, а дедото со најсмирен тон кажал: „Алберт, Алберт, опушти се пријателе. Немој да се нервираш. Ќе стигнеме дома за 5 минути. Остани смирен Алберт.“

Многу импресионирана жената отишла надвор каде што старецот ги ставал своите кеси и внукот во кола.„Знаете господине, не ме занима, но вие бевте неверојатен. Не знам како го направивте тоа, цело време ја задржавте смиреноста, без оглед на тоа колку и да врискаше детето, вие смирено му зборувавте дека се ќе биде во ред. Алберт е многу среќно дете што има таков дедо.“

-Ви благодарам госпоѓо – рекол старецот – но јас сум Алберт, малечкиот се вика Стив.