6 волшебни празнични патувања | Trendseteri
Menu

6 волшебни празнични патувања

Празниците само што не започнале, а ние веќе мечтаеме за тоа каде и како да ги поминеме

 

Секако дека е прекрасно да се поминат празниците во кругот на семејството и со пријателите, но дали понекогаш размислувате да раскинете со традицијата и да отпатувате во некој град каде што магијата за време на празниците е толку голема и убава, за да посакате тоа патување да трае вечно???

Европските градови се фантастични во текот на зимата, особено кога ќе натрупа снег кој во комбинација со уличните украси и светла и празнично декорирани излози распламтуваат во сите една носталгија за детството.

Носталгија која ве враќа во времето кога куќата мирисала на рум торта и борови иглички, варено вино, цимет и портокал, кога со скриен поглед исчекувавме да видиме што ни донел Дедо Мраз.

Празнична магија која вклучува лизгање под отворено небо, обиколка на ултра луксузни хотели за да видите која елка е најдобро накитена, најубавите накитени излози и добро познатата мелодија на Jingle bells, додека вие газите над крцкавиот снег…

Да, ваква магија нудат Њујорк, Лондон, Санкт Петербург, Тоскана, Нирнберг, Талин и многу други.
Спакувајте ги куферите и веднаш на некоја од овие дестинации

 

Њујорк

Град кој никогаш не спие, а веројатно е најжив во текот на празниците. Посетете го Рокфелер центарот за да ја видите традиционално најголемата елка во градот, уживајте во лизгањето и во убаво накитените излози, покрај празничниот шопинг.

 

 

Тоскана

Доколку на ова патување сакате да ги носите и децата, нема подобра дестинација од Тоскана. Обавезна посета на Santa Claus селото каде што се наоѓа и замокот на Дедо Мраз, како и мини пони ранч.

 

 

Лондон

Град кој има најдобра фестивалска атмосфера во Европа. Лондон е идиличен во текот на празниците. Истражувајте по пазарите, одите на лизгање, шопинг и задолжително во 17:00 часот во Brown’s хотелот на попладневен чај за ултимативно празнично искуство.

 

 

Нирнберг

Никој не е таков празничен мајстор како Германците, кои ги имаат најубавите Божиќни пазари во Европа. Еден од нив датира од 1628 година во Германија и е воедно и најголемиот.
Иако пазарот денес има 180 штандови и понатака го има задржано старинскиот шмек и традиција.

 

 

Санкт Петербург

Зимата во Русија е сама по себе идилична, доколку на тоа ја додадете и празничната атмосфера, ќе добиете бајка, детствотот од соништата.

 

 

Талин

Вистинскиот сјај за Божиќ можете да го добиете во Талин, Естонија, познат како една од најдобрите Божиќни дестинации во Европа.
Улиците од калдрма и впечатокот од белите ноќи будат фасцинантни впечатоци, кога после полноќ е ден и се е затворено, а вие можете да истражувате низ Божиќните села.