Десетте најскапи кафиња во светот | Trendseteri
Menu

Десетте најскапи кафиња во светот

Топ 10 најдобри и најскапи кафиња

 

Најголем дел од популацијата во светот не можат да си го замислат денот доколку не го започнат со убаво црно кафе.

Зборот кафе доаѓа од латинскиот јазик (лат. Coffea), растение од семејството на rubiaceae. Одгледуваното стебло на кафе може да порасне во висина од 2-5 метри и доколку се остави во дивината, ќе порасне и над 10 метри.

Постојат два главни вида на кафе: Арабика – традиционално кафе, кое опфаќа две третини од светското производство на кафе, одгледано во поекстремни средини и затоа и чини повеќе, и кафето Робуста, кое има силна арома и најчесто се користи за производство на инстант кафе и обично се меша со арабиката за да се добие на количина.

Кафето е дефинитивно составен дел од нашите животи. Дали сте замислиле што ќе се случи доколку кафето се забрани за конзумирање на само една недела?

Апокалипса. Веројатно улиците ќе бидат преполни со полуфунционални и подзаспани луѓе кои како зомби ќе се движат без јасна насока што да прават со денот. 🙂

Овие се десетте најскапи кафиња во светот:

10. Starbucks Rwanda Blue Bourbon Coffee – $28 за половина килограм

9. Mi Esperanza Coffee – $35 за половина килограм

8. Los Planes – $40 за половина килограм

7. Fazenda Santa Ines – $50 за половина килограм

6. Jamaican Blue Mountain Coffee – $55 за половина килограм

5. St. Helena Coffee – $79 за половина килограм

4. Kopi Luwak – $160 за половина килограм

3. Hacienda La Esmeralda – $350 за половина килограм

2. Finca El Injerto – $500 за половина килограм

1. Black Ivory Coffee – $550 за половина килограм