Дерматолозите овие производи никогаш не би ги користеле | Trendseteri
Menu

Дерматолозите овие производи никогаш не би ги користеле

Зошто дерматолог никогаш не би ви препорашал еден од наредните производи

 

Дерматолозите се професионалци и благодарејќи на знаењето кое го поседуваат, тие секогаш имаат блескава кожа каква што секој би посакал. Што да користите за да постигнете таков изглед? Или можеби уште поважно е што никако да не користите?

Еве ги производите кои дерматолозите ги избегнуваат по секоја цена.

 

Спреј за заштита од сонце

Можеби ви делува практично решение ако несакате да нанесувате крема или лосион, но дерматолозите не го сакаат овој производ. Тоа е затоа што како што кажуваат дека спреј неможе да направи доволен слој зажтита како би го достигнал SPF факторот напишан на шишенцето. Пола од производот оди во воздух, едвај нешто ќе стигне на вашата кожа.

 

Масло за самопотемнување

За сите оние кои сакаат да се пржат на сонце со масло за побрзо темнеење ова е лоша вест. Докторот Марк Кенет кажува дека никогаш не би го користел тоа масло, затоа што содржи низок заштитен фактор или никаков, а може да ги затвори порите повеќе од што треба, па да се направи дополнителен проблем.

 

Хемиски креми за заштита од сонце

Тие се безбедни, но понекогаш може да направат иритација. За разлика од хемиските блокатори, физичките како цинк оксид и титаниум се многу понежни и добро го рефлектираат UV зрачењето. Така што кога имаат опција да бираат, секогаш би избрале тоа наместо хемиски креми кажува дерматологот др. Назаријан.

 

Тоник

Исчисти, тонизирај, хидратирај се трите чекори кои повеќето луѓе ги знаат за одржавање на кожата. Др. Џенифер Чвалек мисли дека не е потребно нанесување тоник, затоа што повеќето тоници содржат алкохол што дополнително ја суши или иритира кожата. Таа секојдневно пред крема наместо тоник употребува ружина водичка која има смирувачко дејство и тврди дека е подобра од тоникот.

 

Парабени

Парабените се всушност конзерванси кои се користат да се спречи развојот на бактерии и моувла во производите. Со текот на годините парабените стекнаа прилично лоша репутација иако сеуште не е докажано дека се штетни. Др. Назаријан објаснува дека нејзините причини за избегнување на парабени се поврзани со здравјето. „Едноставно толку вложувам во кожата што несакам ни најмал ризик“- кажуваа таа.

 

Хотелски сапуни

Големо „НЕ“ за хотелските сапуни. Содржат многу парфеми, за да мирисаат добро и ништо друго. Ја сушат многу кожата, така што се лоши за чистење лице. Тие не прават ништо друго освен што ја иритираат кожата.

 

Пилинг

Било кои призвод што содржи пластични микрочестички е големо „НЕ“ за многу дерматолози. Др. Чвалек и др. Назарија тврдат дека физичкиот и механичкиот пилинг се лоши за кожата. Тие ги преферираат производите кои нежно хемиски ја чистат кожата како гликол и ретиноид.