Деми Мур во врска со српска стилистка | Trendseteri
Menu

Деми Мур во врска со српска стилистка

Вестите за врската на популарната актерка Деми Мур не стивнуваат

 

Вестите за врската на популарната актерка Деми Мур(56) без престан ги изненадуваат фановите иако гласините кружат од почетокот на 2017 година. Според напишаните американски медиуми, актерката е скоро три години во врска со србинката Маша Манџука(43), но парот ретко се појавува во јавноста заедно.

Изгледа дека Деми по неколку пропаднати врски и три пропаднати бракови конечно ја пронајде среќата во љубовта.

Во врска со модната стилистка Маша е нешто помалку од три години.

Маша е родена во Србија, а моментално живее во Њујорк, каде ги заврши студиите. Работела како костимограф за бројни филмови помеѓу кои е и „La la land“ филмот кои доби Оскар.

Парот заеднички се грижи за ќерката на Маша, а и заедно ги поминуваат празниците.

Минатата година зедно беа на неколку дена во Белград каде што се забавуваа на сплавовите до раните утрински часови.