Репортажа – Само „DejaVu“ го живнува Скопје | Trendseteri
Menu

Репортажа – Само „DejaVu“ го живнува Скопје

Единствениот локал кој им пркоси на тропските жешки лета

 

Единствениот локал кој им пркоси на тропските жешки лета, по кое е  и препознатливо Скопје, е токму  кафе-ресторанот „DejaVu“ во населбата  Јане Сандански во Т.Ц.Капитол. Одлично место да побегнете од градската жега. Овде имате чувство дека сте некаде на море.

Шеталиштето пред „DejaVu“, потсетува на она легендарното  старо корзо кои го паметат скопјани. Различни генерации, мајки со деца, постари парови и згодни момци и девојќи секојдневно парадираат овде. Интересно е тоа што  единствено „ DejaVu“  во Скопје успеа да вклопи различни генерации во едно. „ Dreamland“, најголемата игротека кај  нас, е преполна со дечиња кои им  се радуваат на тобоганите, водените топки и големиот  дворец. Овде влезот е бесплатен.

Холтикултурата повеќе наликува на  далеку познатите јапонски градини,а огромниот кафез со егозтични птици му дава посебен шмек на целиот урбан простор. На  само неколу метри од „Dreamland“, поинаква слика. Жива музика со фантастичниот вокал на Бланка, со стари и нови хитови, квалитетната храна, по која е и препознатлив кафе-ресторанот, 50 видови на сладолед  за кого секојдневно се чека во редици и онаа  стара дилема дали да биде од киндербуено, овошен или од  бајадера.

„DejaVu“ во последно време стана инетерсен и за странските туристи кои велат дека за ова урбано место прочитале на Интернет. Сума сумарум, кога Скопје се празни преку лето, во  „ DejaVu“ врие како во кошница, давајки му на Скопје еден поинаков, светски шмек.

Фото-Игор Тодоровски