Моќта на дарувањето | Trendseteri
Menu

Моќта на дарувањето

Подарокот ни носи насмевка…

 

Подарок. Без разлика на пол, вера, раса, сите му се радуваат.  Моќта на дарувањето ни носи насмевка, ни го разубавува денот, ни дава чувство дека сме направиле нешто прекрасно. Нема  ништо на светот што може да се истовети со него. Иста среќа вдишуваат и оној што прима и оној што дава подарок. Затоа подарете од срце за да почувствувате вистинско задоволство.  Не е потребен повод, празник, прилина. Потребна е желба, мала интересна идеа и подарокот ќе мириса  на душата на овој што го дарува.

Потребно е  малку за да се почувствува многу.

Доброто дело не е последица на давањето подарок. Ќе ја тргнете тагата. Ќе внесете надеж и насмевка во нечиј живот. И она најважното. Ќе  ве паметат и ќе  бидете раскажувани на другите. Зар тоа нее најдобриот повратен дар? Моќта на дарувањето ни носи моќ на среќа. Моќ на вредност која си ја даваме на себе.

Погледни ги твоите најмили и направи ти да бидеш причина за нивната насмевка.  Но и на оние кои  не ги носите во душата, и тие заслужуваат парче од твоето изненадување. Кога  колачот на изненадувањето  е голем, подели го со оние на кои им е потребно само парче.  И кога секој секому ќе даде малку, повторно ќе се добие она целото. Тогаш ќе има за секој, ќе има секогаш.

Утринско кафе, омилена книга, посакуваниот парфем, дестинацијата  за која се  копнее, е само облик во пакување на подарок. Но има нешто што ја прави таа моќ посебна и исконска.  Тоа е изненаденото и задоволно лице  на овој што го прима тоа мало мистериозно пакување. И силната прегратка е доволна за благодарност. Таа ќе ти покаже дека вреди да подаруваш, да изненадуваш, да потрошиш време  за да добиеш туѓа среќа. Е тоа е тоа нешто што се вгнездува во секоја помисла  да подариш подарок, а да добиет таква моќ.

 

Д.А. Патникот со закрпени патики