Поп-рок ѕвездата Дани Димитровска својата модна трансформација им ја должи на стилистите. Модерната мама внимателно ги слуша советите на своите верни соработници,па така од фотосесија до фотосесија таа изгледа се посекси. Дани можете да ја видите со кадрава коса, од испеглана долга, во куса варијанта,па се до благи локни. Русокоса, костенлива или црвенокоса, таа зрачи со својот сексапил. На сцената е вистинска лавица, на фотосесиите вамп дама, а во приватниот живот дружељубива девојка со одличен смисол на хумор. Тоа е нашата Дани која за кусо време успеа да ја освои македонската јавност , токму со имиџот на супер стар и добрата музика.