Дали знаете дека постои џин - тоник чај? | Trendseteri
Menu

Дали знаете дека постои џин – тоник чај?

Оваа сезона чајот со вкус на џин-тоник ќе биде вашиот фаворит

 

Со доаѓањето на ладните денови, природно е топлите пијалоци во замена за ладните освежителни, да ни станат секојдневие. Еден од тие пијалоци е секако чајот. Можеби оваа сезона токму чајот со вкус на џин-тоник да биде вашиот фаворит.

Веќе со години, најпопуларниот пијалок во светот е џин-тоникот, а истата комбинација на џин и тоник почна да се користи и во козметиката, слатките, сладоледите и како мирис во домовите. Овој пат, следи уште еден производ со овој мирис и вкус, а тоа е чајот.

Британскиот бренд “Fortnum & Mason” го претстави уникатниот џин – тоник чај кој всушност не содржи алхохол, туку вкус на истиот благодарение на состојките како што се арома на лимета, краставица, кориандер, анасон и мелем. Овој бренд исто така го препорачува за освежување и за топлите денови, со додавање на неколку коцки лед.

Една кутија од овој чај, во која има 15 кесички, ќе ве чини 6.95 фунти.