Дали јадеш премногу без да знаеш? | Trendseteri
Menu

Дали јадеш премногу без да знаеш?

Дали јадеш премногу без да знаеш?

 

 

 

 

За да го следите дневниот калориски внес и макро и микронутриентите треба точно да знаете што јадете секој ден. Меѓутоа, многу луѓе не сфаќаат дека постои разлика меѓу порција и количина на некоја состојка во една порција. Внесуваат многу повеќе одошто мислат дека внесуваат, без да бидат свесни за тоа.

Според Сузан Бауерман, регистриран нутриционист, „една порција е количина храна што си ја сервираме, иако во повеќето случаи тоа е многу повеќе од големината на порцијата наведена на амбалажите на храната или во владините препораки“. На пример, ако ја погледнете официјалната порција наведена на некои продукти, кај повеќето пишува 30 гр., што е само неколку залчиња. Меѓутоа, ако истиот тој продукт го купите за носење или ако си го направитесами, тој веројатно ќе биде за околу четирипати поголем од оваа препорачана порција. Тоа значи дека за конкретниот продукт калориите што ги впишувате може да бидат и за 75% повисоки — огромна разлика!

На сличен начин, повеќето од нас си ставаат за најмалку трипати повеќе тестенини во чинијата од препорачаната порција, зашто таа би била толку мала што би мислеле дека е прилог. Кога читате амбалажа на која е дефинирана големината на порцијата, треба точно да знаете што јадете. Ако јадете по четири или пет порции од препорачаната порција ќе имате голема разлика во калорискиот внес, а тоа може да влијае и врз вашите цели.

Спротивно на верувањата на повеќето луѓе, ужината може да им помогне на луѓето што сакаат да ја регулираат тежината. Истражувања покажуваат дека внесот на една или две ужини во текот на денот како дополнување на оброците НЕ го зголемува вкупниот калориски внес зашто на тој начин луѓето обично јадат помалку за време на главните оброци.