Дајте насмевка за секое дете! | Trendseteri
Menu

Хуманитарна забава за дечињата од СОС Детско село

Дајте насмевка за секое дете!

 

Хуманитарна забава за дечињата од СОС Детско село, организираше ПРОМОИТАЛИА заедно со своите бренд амбасадори .

Пејачи, спортисти, водители, секој на свој начин придонесе за овие дечиња да ја почувствуваат вистинската магија на новогодишните празници и да заминат на некое убаво патување.
Сопственичката на центарот, Олгица Стојмировиќ, уште на самиот почеток се заблагодари на својот тим за трудот и посветеноста вложена во целата организација и најави дека нивната хумана мисија да подаруваат насмевки онаму каде што ги нема ќе продолжи и во иднина.


Водителскиот пар Јелена Спенџарска и Ване Марковски, на сцената ги повикуваа сите присутни јавни личности да пеат, да делат награди, но и да ги инспирираат другите да прават хумани дела во текот на целата година.

Забавата се одржа викендот во Дистрикт бар и е одличен пример како преку забава и дружење може да се соберат финансиски средства и да им се помогне на оние кои имаат потреба од тоа.