Зошто не треба да ве интересира туѓото мислење | Trendseteri
Menu

Зошто не треба да ве интересира туѓото мислење

Неколку факти зошто не треба да ви е битно туѓото мислење

 
Често заради страв или несигурност „што другите ќе речат или мислат за мене“ луѓето донесуваат погрешни одлуки или воопшто не одлучуваат. да зависите од туѓото мислење значи да живеете онака како што другите мислат дека треба. Ова се добри причини зошто не треба да ве интересира туѓото мислење.
 
1. Животот е прекраток
Да, имате еден живот да живеете и не е баш долг. Живејте го својот живот без расмислување што бимислеле другите за вас и ќе бидете посреќни. Правете што сакате и битете она што вие сакате.
 
2. Луѓето баш и не размислуваат многу за вас
Освен вашите сакани, останатите не размислуваат често за вас.
 
3. Мислењето на луѓето често се менува
Луѓето го менуваат своето мислење низ годините. Пред десетина години не го мислевте истото што и сега за одредени луѓе.
 
4. Не знаат што е најдобро
Само вие може да знаете што е најдобро. Витината е дека треба да се навредите кога некој ќе ви каже што е најдобро за вас.
 
5. Што е исправно за другите, веројатно не е исправно за вас
Сите ние размислуваме различно и имаме различни потреби. 
 
6. Тоа би можело да биде најлошо за вас
Би сакале да мислиме дека луѓето имаат најдобри намери кога не советуваат. Тука постои еден проблем, не знаеме дали е тоа вистина.
 
7. Морате да се соочите со резултатите
Не е тешко да советувате некој, затоа што со последиците ќе живее тој, а не вие.
 
8. Не можете да им угодите на сите
Луѓето кои не угодуваат се помеѓу најиритантните луѓе кои постојат. Голема е разликата помеѓу оние кои постојано угодуваат од оние кои повремено прават услуга некому.
 
9. Обидувањето да угодите некому може да има контра ефект
Иронијата е во тоа што луѓето кои премногу се грижат за тоа што мислат другите, не им се допаѓаат на другите.Потребата да се допаднеме на другите го менува однесувањето, па така вие не сте повеќе тоа што во суштина сте.