Моден тренд - чанти и чевли во форма на перниче | Trendseteri
Menu

Моден тренд – чанти и чевли во форма на перниче

Чувствувајте се удобно во есента

 

Зарем има нешто подобро од топол и удобен кревет и перница? Без разлика дали е навечер после напорниот работен ден, излегувањето со пријателите или наутро кога едноставно не ви се станува, удобноста кога ќе легнете на топлата перница ве прави да се чувствувате убаво.

Токму таа удобност и убаво чувство ги инспирираше дизајнерите да креираат удобни и меки модни додатоци. Овој тренд пред неколку сезони го започна модната куќа Maison Margiela со нивната Glam Slam чанта, која стана навистина популарна оваа есен.

Чекор напред прави и Bottega Veneta што покрај моделите на чанти, оваа есен воведе и padded сандали и салонки.

Доколку сакате и вие да се чувствувате удобно оваа есен, погледнете ја галеријата и пронајдете инспирација.