Совршена комбинација за оваа сезона | Trendseteri
Menu

Совршена комбинација за оваа сезона


Комбинацијата на овие две бои гарантира ефективен стајлинг!

 

Црната боја никогаш не излегува од мода. Комбинациите во оваа боја се сигурен избор кои секогаш даваат нота на елеганција.

Црната боја од глава до пети секогаш е препорачлива, но оваа сезона, таквиот стајлинг доживува мал пресврт. Црвено-црната комбинација ќе биде многу популарна во текот на постудените денови.

Црната комбинација е одлична, но за да го зачините малку стајлингот, додајте му некој црвен детаљ. Тоа може да биде кожена јакна. Оваа мала промена ќе направи голема разлика, а стајлингот веднаш ќе стане поинтересен.

Со црвениот детаљ ќе ја разбиете монотонијата и ќе внесете позитивна енергија во мрачните денови. Црвениот фустан со црна кожена јакна ќе изгледа фантастично. Искористете го топлото време и искомбинирајте го црното здолниште со црвен џемпер. Фармерките и маицата во црна боја одлично ќе одат со црвена кожна јакна.