Црно-бели комбинации за елегантна вечер | Trendseteri
Menu

Црно-бели комбинации за елегантна вечер

Парчињата со пепито дезенот се безвременски

 

Пред прагот сме на зимата што значи официјално почнува сезоната на свечени празнични настани и забави. Време е за освежување на вашиот гардеробер со гламурозни парчиња облека.

Црно-белите комбинации се идеален избор за свечени прилики кои никогаш не излегуваат од мода, па така комбинирајте ја класичната белата кошула машна од пепито дезен, со тесни црни кожни панталони, или пак црно одело во комбинација со елегантна бела маичка.

Одличен избор е и миди фустан со акцент на вашата половина и сако со пепито дезен затоа што парчињата со овој дезен се безвременски, па може да ги ставите во функција независно од инстант трендовите.

Оваа комбинација на црни и бели квадрати исто така можете да ја преточите во миди здолниште како на сликата и веднаш ќе добиете stylish изглед.

Покажете елеганција во овие party денови, изберете блескав накит и не заборавајте на удобните обувки со кои ќе си обезбедите безгрижна забава во текот на целата ноќ.

Let’s be glamorous колекција на Comma