Црни кроко чизми – тренди модели за оваа сезона | Trendseteri
Menu

Црни кроко чизми – тренди модели за оваа сезона

Најпопуларното модно парче на Инстаграм

 

Судејќи по инстаграм профилите на fashion девојките, моментално едно од најбараните и најпопуларните модни парчиња се црните крокодилски чизми. Но не било кои, туку најмногу се истакнува моделот “The Wide Shaft” на познатиот шведски бренд Toteme, каде коосновачот Elin Kling е една од најзгодните и тренди скандинавки.

На овој модел, кој чини 810 евра, конкуренција се моделите на брендовите Jimmy Choo и The Row.

Слични модели на овие чизми претставија и high street брендовите како Reserved, H&M, & Other Stories, но и Prada и Twinset. Дали чизми над колека или каубојки, во понудата на овие брендови има модели за сечиј вкус.