Никој не е млад по 40тата година, но неодоливи можеме да бидеме било кога!
Со својот стил на облекување предизвикував исмејување од околината, но во тоа беше тајната на мојот успех. Не изгледав така како што изгледаа сите- призна легендарната дизајнерка која не ја памтиме само по модата, туку и по советите кои ги делела за животот…
Coco не остана запаметена само како една од најславните и најдобрите креаторки на светот, туку и како борец за женските права за рамноправност помеѓу половите. Тоа го правела и во својата работа, правејки женски одела инспирирани од машката гардероба, ги натера жените да излезат од корсетите, да ја скратат косата, како би се чувствувале полесно и поопуштено, баш како мажите.
Таа сакаше да советува како за модата така и за убавината, ставот и однесувањето, а ова се нејзините најпознати изјави кои засекогаш оставија печат и спомен за неа.
- Секоја девојка секогаш мора да знае две работи: Што и кого сака.
- Колку е девојката полоша, толку подобро треба да изгледа.
- Сакале ние или не, во животот на мажите постои само една жена. Сите други се само нејзина сенка.
- Не сакам долги палта, во текот на разговорот со маж, не можам да приметам како ме гледа.
- Парфемот за жената кажува повеќе него нејзиниот потпис.
- Немојте да се мажите за човек со паричник за ситни пари.
- Не ми е битно што мислите за мене. Јас за вас не ни размислувам.
- Ако посакувате нешто што никогаш не сте го имале, тогаш треба и да работите тоа што никогаш не сте работеле.
- Не постојат грди жени, постојат само мрзеливи.
- Жената се грижи за иднината само додека не се омажи. Мажот не се грижи за иднината се додека не се ожени.
- За да внимавате на убавината, треба да почнете од срцето и душата. Во спротивно, ниту една козметика нема да ви помогне.
- Жените кои не користат козметика имаат превисоко мислење за себе.
- Воздржете се кога сте навредени и не правете сцени кога ве боли, тоа е идеална жена.
- Никој не е млад по 40тата година, но неодоливи можеме да бидеме било кога!
- Се е во наши раце, затоа никогаш не треба да ги дигнеме.
- Староста не нè заштитува од љубовта, но љубовта нè заштитува од стареењето.
- Со својот стил на облекување предизвикував исмејување од околината, но во тоа беше тајната на мојот успех. Не изгледав така како што изгледаа другите.
- Вистинската среќа е евтина. Ако за нешто треба да платите висока цена, значи дека се работи за измама.
- Ако сте родени без криља, немојте да спречувате да растат.
- Рацете се визит карта на девојката, вратот е нејзината лична карта, а градите нејзиниот пасош.