Чизмите кои владеат со европските улици | Trendseteri
Menu

Чизмите кои владеат со европските улици

Ќе го издигнат вашиот стајлинг за момент

 

За враќањето во тренд на каубојските и крокодилските чизми пишувавме уште на почетокот од есента минатата година. Но овој пат ќе зборуваме за спој помеѓу овие два трендови, чизми со златен и сребрен сјај.

Овие чизми за прв пат се појавија минатата година на Chanel Metiers d’Art ревијата во Њујорк. Во стилот на 70-тите, со голема штикла, благо заоблен врв и должина до колена, овие чизми веднаш станаа привлечни за светските трендсетерки. Иако модните критичари не им предвидуваа сјајна иднина бидејќи се премногу впечатливи, street style девојките го прифатија предизвикот. Со овие чизми ќе го подигнете вашиот стајлинг на повисоко ниво, за момент и да – ќе бидете забележани.