Кристи Бринкли е инспирација за сите генерации | Trendseteri
Menu

Кристи Бринкли е инспирација за сите генерации

Christie Brinkley (65) покажа како изгледа совршен стајлинг за студените денови

Екс манекенката Кристи Бринкли на 65 годишна воздраст сеуште ги следи сите модни трендови како најпознатите светски трендсетерки.

На нејзиниот изглед би можеле да подзавидат и младите девојки. Освен совршената линија, Кристи може да се пофали и со феноменалниот стил на облекување.

Со нејзиното последно јавно појавување објасни како треба да изгледа еден совршен стајлинг. Теди капутите и кожните панталони се на врвот на листата оваа зима, а таа перфектно ги спои овие две парчиња.

Исто така зелената боја е апсолутен хит оваа сезона. Оваа нијанса одлично стои на сите жени, додека свилената марама и даде посебен моден печат на нејзиниот аутфит.