Чизмите кои ќе ги носат сите модни кралици оваа сезона | Trendseteri
Menu

Чизмите кои ќе ги носат сите модни кралици оваа сезона

3 „ин“ комбинации и модели на чизми за дамите со стил

 

Не е важно дали сакате фустани, здолништа или тесни панталони и фармерки, добар пар чизми ќе го заокружат целосниот изглед.

За шик изглед и комбинација потребни ви се добри тренди чизми.

Слоевитото облекување е доста ин, а еве како експертите ги оживуваат своите аутфити и даваат ново руво на класичните модели на чизми.

 

1. Мартинки и развеани долни делови

Ги користиме последните топли денови за носење на долги фустани и здолништа од тенки материјали, така што ги надополнуваме со есенски облеки. Нежна облека во комбинација со погруби додатоци е прав моден погодок. Сите модерни девојки го обожаваат овој изглед, затоа што овозможува продолжување на рокот за носење на омилените бохо и романтични фустани. Нормално боите се позагасити и есенски и во комбинација со камел-капут, комбинацијата ќе биде совршена.

 

2. Шпиц чизми и тесни панталони или фармерки

На оваа карта играме секогаш кога ќе снемаме идеи за дневен изглед или за на работа, кој без проблем можеме да го носиме и по завршувањето на работното време. Проверениот изглед ни доаѓа од Французинките и нивните модни уреднички, а се што ни е потребно е тесни панталони и квалитетен џемпер или палто. Карираното палто веќе две сезони владее по градските улици, а сега му се придружува и верзијата на најпопуларниот принт оваа есен, анимал принтот.

 

3. Принт горе, принт долу

Продолжуваме во ист стил и одбираме најпрактичен модел чизми за оваа есен, оној со блок висока пета, обоен со змијски дезен и го стилизираме со уште еден живописен дезен. Внимание, оваа идеа е само за храбри дами, но тие кои ќе го совладаат ќе бидат крунисани како вистински модни кралици.