Чевли кои не престануваат да се носат | Trendseteri
Menu

Чевли кои не престануваат да се носат

Удобни, модерни и доста долго траат
Повеќе сезони се на врвот кај трендсетерките

 
Тука е на дело принципот, квалитет пред квантитет. Доколку поседувате некои од нив, ако не и сите, ќе имате многу модерни комбинации.
Погледнете кои чевли се најбарани кај трендсетерките и блогерките ширум светот.
 
1. Чизми до колена
Најдобар пријател на мини здолништата и на оние до колена во текот на зимската сезона. Слободно одберете со дебела потпетица и заоблен врв како би можеле редовно да ги носите и во дневна варијанта. Било тоа да се од мазна или превртена кожа, црни, бордо или кафени, оправдано се сметаат за класика која ќе можете да ја носите секоја година.
 
2. Кратки чизми до глужд со анимал принт
Кратките чизмички до глужд привлекуваат доста внимание ширум светот, особено ако се со анимал принт. Совршено одговараат со фармерки и палто со машки крој, како што ги комбинираат блогерките ширум светот.
 
3. Рамни чизми
Наједноставни, кожни, кратки познати под називот Челзи, не асоцираат на Холивудските ѕвезди, кои ги носат лежерно на прошетки, а и во било каква дневна комбинација.
 
4. Класични патики
Белите класични патики се носат во текот на целата година, а зимно време се потребни оние со подебел ѓон, за да одговараат за временските услови. Понекогаш е потребно да се постигне одредена противтежа на дводелното одело или строгите црни панталони и тогаш патиките настапуваат на сцена. Пригодни се дури и за деловен состанок во ваква комбинација.
 
5. Мокасини
Оние кои поседуваат барем еден квалитетен пар мокасини, знаат дека постојат ситуации кога ниту еден друг пар чевли неможе да ја покрие таа потреба. Мокасините се вистински избор и за мини здолниште. Потребни ви се и за формални ситуации.

Photos: Instagram