Цеца во златна тоалета како вистинска божица | Trendseteri
Menu

Цеца во златна тоалета како вистинска божица

Детали од свадбата и најпознатите креации и стилови

 

Една од најпознатите веселби што се случи викендов, несомнено е свадбата на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ. Имено, тие вчера попладне се заколнаа на вечна љубов во светиот храм Свети Сава, а потоа забавата продолжи во луксузен ресторан во Белград.

За свадбата Цеца Ражњатовиќ првин носеше бели панталони и кошула со анимал принт, за да потоа блесне во златна тоалета, креација на Марина Висковиќ во која изгледаше величенствено. Пресреќната мајка и свекрва, исто така откри и некои детали за венчавката.

“Малку ги измешавме обичаите затоа што нашиот кум е по потекло од Кипар и дојде целото негово семејство. Таму е обичај кумот да го облекува, бричи, да му стави парфем и тоа беше навистина слатко за мене, но зошто да не, сите сме православни, ”

– рече Цеца и додаде дека воопшто не заплакала на свадбата, туку била пресреќна и со многу емоции во себе, за разлика од Анастасија која не престанала да плаче.

Интересно беше што Богдана ја носеше истата венчаница на Цеца од нејзината свадба со Аркан, во 1995 година.

Исто како Цеца, и кумата носеше златен фустан.

Анастасија исто така го привлече вниманието. Таа носеше син фустан со длабок шлиц и деколте, под кој целосно се проѕираше долната облека.

Во продолжение погледнете ги најдобрите креации и стилови на познатите кои беа гости на свадбата.