Ексклузивно- Кој ќе ја средува Цеца во Скопје? | Trendseteri
Menu

Ексклузивно- Кој ќе ја средува Цеца во Скопје?

Кој ќе ја средува Цеца во Скопје?

 

Нашиот најпознат стилист Љупчо Бубе Петрушевски од фризерското студио „ Бубе Ин “ ни откри дека тој ќе биде задолжен за стајлингот на мега ѕвездата Светлана Цеца Ражњатовиќ на нејзиниот концерт во Скопје. Бубе вели дека досега во својата 20 годишна кариера ги средувал скоро сите балкански ѕвезди.

-Уште само Цеца ми остана. Чест ми е што продукцијата ме одбра токму мене да ја средам Цеца за концертот во Скопје. Планирам да и ја направам косата навиткана и лелеава, со дискретна и не многу нападна шминка. Треба од нејзиниот менаџмент да ми пратата фотографии од фустаните што таа ќе ги носи вечерта, за да можам да ги вклопам со шминката и фризурата, вели Бубе Ин.