Cпектакуларен трет роденден – Casa Cubana го дигна кејот на нозе
Три години успешна приказна!
Најпознатиот скопски кафиќ на кејот на Вардар “Casa Cubana” три години претставува синоним за најдобрите забави во стилот на Куба, со ритмови, музика и движења помешани со оригиналниот вкус на латино салса, енергија и атмосфера која едноставно ќе ве остави без зборови. Дали сте за кафе или коктел, или да уживате во кубански и меѓународни рецепти направени за вашето задоволство, Casa Cubana е дефинитивно вистинското место за сето тоа.
Место каде ќе ги видите заедно во купче градските фаци, најубавите девојки, вистинско место за сите модни трендсетери како од Македонија, така и туристите кои доаѓаат од странство. Casa Cubana е местото кое ви ги нуди најлудите журки во главниот град.
“Casa Cubana” неодамна го прослави својот трет роденден организирајќи ја најдобрата забава на кејот која почна во 13:00 и траеше се до ноќните часови каде познатите Bobi Sax & Boka Conga, Dj BIMBO и специјалните гости ” CONTRU DJ” направија вистински спектакл кој веруваме дека уште долго ќе се памети.
Погледнете го ова спектакуларно видео и уживајте!
Photo & Video: Stardust Production