Заврши 70иот Филмски Фестивал во Кан
Како секоја година во последната мајска недела така и оваја центарот на вниманието на светската естрада е во малото градче на Азурна Обала, Кан. Благодарение на трката на Ф1 во Монако и Филмскиот Фестивал во Кан, скоро целиот светски џет сет е собран во радиус од само 30 километри.
2017та година Канскиот Фестивал ќе се памети по годината на голата нога. Скоро сите актерки и посетителки кои го минаа црвениот тепих покажаа многу гола нога. За нас, дефеинитивно најубавата нога ја покажа младата манекенка Бела Хадид.
Копола, Ремзеј и Остлунд се големите победници на овогодишниот Кански Фестивал.
Сите победници на #Cannes2017:
- Златната Палма (Palme d’or): The Square – Режија: Рубен Остлунд
- Големата награда на жирито: BPM (Beats per Minute) – Режија: Робин Кампиљо
- Награда од жирито (Prix du Jury): Loveless – Режија: Андреј Звјагинцев;
- Најдобра режија: Софиа Копола (The Beguiled)
- Најдобар актер: Јоаким Финикс (You Were Never Really Here)
- Најдобра актерка: Диане Кругер (In the Fade) – Режија: Фатих Акин
- Најдобро сценарио: Ефтимис Филипу и Јоргос Латимос (The Killing of a Sacred Deer) и Лајен Ремзеј (You Were Never Really Here)
- Златна палма за најдобар краток филм: (A Gentle Night) – Режија: Кју Јанг
- Златна камера (Caméra d’or) за најдобар деби-филм: (Jeune femme) – Режија: Леонор Сераиљ
- Посебна награда за 70тото издание на Канскиот Фестивал: Никол Кидмен
Погледнете мал исечок од атрактивните гостинки кои беа дел од фестивалот и го минаа црвениот тепих