Бубе Ин | Trendseteri
Menu

20 години Бубе Ин-Преживеав енцефалит, немам сида

Предновогодишна забава со Бубе Ин

 

Познатиот стилист Љупчо Петрушевски или Бубе Ин вчера правеше предновогодишна забава по повод 20 годишнината од неговиот салон за убавина. Многу негови блиски пријатели од шоубизнисот дојдоа да му честитаат за неговата работа и да го прослават како што вели тој неговиот втор живот. Инаку  Бубе  минатото лето преживеа енцефалит и веќе три месеци се опоравува од тешката болест.

„ Само што се вратив од Грција, ми се слоши на работа и веднаш ме однесоа на Клиника.Ми се фати говорот и целата лева страна. Лекарите се бореа за мојот живот и никој не веруваше дека ќе преживеам. За  среќа, еве ме меѓу живите, ни рече Бубе. Според него, работата што ја сака го одржала во живот и секако пријателите од кои имал максимална поддршка.

-„ Имаше и такви кои ми извадија муабет дека сум болен од сида. Многу се разочарав во тие гласини, само си велам какви  не луѓе сум имал околу себе. Еве шанса да демантирам дека не сум болен од сида, дека преживеав енцефалит и дека со помош на лекарите пак ќе и се вратам на  мојата професија.А на тие што ми извадија дека сум смртно болен од сида ќе им речам дека Бубе не се дава така лесно, ќе има денови за враќање, додава Бубе Ин.

 

15515887_587708404772609_138472993_o15540344_587708408105942_1845066226_o15554630_587708388105944_1433705393_n15591692_587708401439276_1564809210_n15577649_587708378105945_1109268812_n15542372_1814228045483400_2853368981120309566_n15493898_1392497414108387_1826033367_n15577707_1392497357441726_484791039_n