Која е кремата која има листа на чекање
Познатите веќе лудуваат по неа, а самото тоа ја докажува ефикасноста. Култниот производ е од брендот Sol de Janeiro, а кремата е наречена Bum Bum krema. Заради големата побарувачка сега ја има и во двојно поголемо пакување и секој пат е распродадена.
Меѓу оние кој ја користат е и моделот Hailey Baldwin, која тврди дека кремата е фантастична, ја прави кожата поцврста, ја хидратира и го прави невидлив целулитот.
Се работи за производ од бразил кој чини од 50 до 80 евра. Сумата не е мала, меѓутоа овој производ секогаш е распродаден до последното парче заради својата голема ефикасност, а на листата за нарачки веќе чекаат илјадници луѓе. Тајната на Bum Bum кремата не е само во нејзиниот неодолив мирис на кокос, туку ефектот на измазнување и тонизирање е голем. Во својот состав има гуарана, која е природен извор на кофеин и масла за длабинска хидратација на кожата.
Корисниците ја фалат кремата затоа што не е масна, брзо се впива и ефектите се многу брзо видливи. Секако се е тоа привремено додека се користи и ништо нанесено на кожа неможе да има ефект како кавлитетни вежби за тело и правилна исхрана.