Брак само за пред народ... | Trendseteri
Menu

Брак само за пред народ…

Зошто е подобро да имате добар развод отколку лош брак?


Истражувањата покажуваат дека секој четврти брак завршува со развод. Иако сите посакуваме среќен крај, понекогаш тоа е невозможно. Разводот не значи и крај на животот. Во некои случаи, може да донесе многу позитивни промени.

Еве неколку од нив:


Вашите деца ќе бидат посреќни

Иако многу парови одлучуваат да останат во брак токму поради децата, тоа е голема грешка. Децата, дури и кога се многу мали, сè гледаат и сè слушаат. И ним не им е лесно да живеат под притисок и тензија и секојдневно да се сведоци на караници и зајадливи коментари.

Ваквата ситуација во домот може сериозно да ја уништи психата на детето, бидејќи ќе нема чувство што е здрав однос и добар брак. Правилото е едноставно, нема отстапки: среќен родител, среќно дете. Но за вакво реално размислување не смее да бидете себични.

Здравјето ќе ви се подобри

Лошиот брак го уништува здравјето на човекот. Постојаната напнатост, караниците, љубомората и слично можат сериозно да влијаат на здравјето. Истражување покажува дека животот во непријателско опкружување поради лошиот брак може да го уништи здравјето исто како алкохолот или хроничниот стрес на работа. Значи, ако уште не сте се разделиле од партнер кој дефинитивно не е вашата „подобра половина“, веројатно ризикувате да заболите од сериозни болести. Дури и ситни исеченици на вашите раце ќе зараснуваат 49 проценти побавно ако живеете во несреќен брак.

Ќе имате поголеми шанси да го запознаете вистинскиот

Кога сте во брак несвесно го избегнувате спротивниот пол, сето тоа од страв поради љубомората на партнерот. Така пропуштате прилика да запознаете многу луѓе со кои би можеле да склопите пријателство. Тоа и не е толку лошо ако живеете во среќен брак, но ако бракот не е таков, пропуштате прилика да го запознаете вистинскиот. По неуспешен брак, шансите да го најдете вистинскиот се зголемуваат.

Ќе напредувате

Лошата заедница е кочница за многу нешта. Само во сложна заедници имате можност да напредувате во работата. Тоа, бидејќи ви е потрбна поткрепа во моменти кога не ви оди како што треба или кога имате потреба од совет за битни одлуки. Во лош брак не се ствара ни во заедницата. Кога нема слога, нема напредок. Секој си гради свој пат, наместо да се гради заеднички. 

Ќе се разубавите

Иако не сте се ставиле на диета вие ќе се разубавите. Тајната е во внатрешната трансформација која се гледа надворешно. Многу луѓе по разводот го менуваат изгледот што допринесува за нивната убавина.

Сета енергија ќе ја насочите на личниот развој, ќе се вратите на себеси и на личното задоволство. Лошиот брак ќе го оставите зад себе и ќе се фокусирате на позитивните промени кои ве чекаат.

Ќе живеете

Во лош брак не живеете. Вегетирате. Правите тоа што не сакате да го правите. Лажен живот не е живот. 

Elena Bojkova, Елена Бојкова