Боки 13 со овој гест ги стопли срцата на сите
Во овие зимски и ледени денови, кога температурата достигнува и до – 22 степени, Боки 13 направи дело за почит. Трогнат од приказната за чичко Стево кој гладувал и смрзнувал на ладното, Боки 13 се реши да му пoмогне. Тој најде стан за овој шеесет и осумгодишен бездомник каде ќе може доинствено да живее. Со овој гест, Боки повторно си го покажува големото срце!
- Јас одлучив да се погрижам за господин Стево, да има пристоен живот, да се вдоми во топол дом, да има храна и да го продолжи својот достоинствен живот. Насмени лица, се радуваме од срце. Од овој ладен подрум, чичко Стево ќе го однесеме да преспие на топло, а потоа ќе го вселиме во топол стан каде без да гладува и мрзне ќе го продолжи својот живот, напиша Боки на социјалните мрежи.