Заборавете на впечатливите бои и препуштете се на овие комбинации
Преодната сезона која ќе го најави крајот на зимата и почетокот на пролетта ни носи интересни модни парчиња. Меѓу модните трендови посебно место секогаш заземаат боите, а во центарот на вниманието секоја сезона е некоја нова нијанса која одеднаш ја гледаме насекаде.
Според она што можевме да го видиме на улиците на светските модни престолнини, неутралните и кафеави тонови ќе преовладуваат во следната сезона. Трендовите за новата пролетна сезона ја најавуваат беж бојата во сите нијанси, а монохроматскиот стил е посебно актуелен.
Заборавете на силните и впечатливи бои и препуштете се на беж комбинациите.