Бои за дами со стил | Trendseteri
Menu

Бои за дами со стил

Бои со кои дамите изгледаат „богато“ и префинето во студените денови


Купувате ли секоја сезона облека во одредени нијанси? Можеби веќе инстинктивно ги носите овие тонови. А, доколку не е така, тогаш не е доцна да го надополните плакарот и со уште некое парче.

Иако е најстуденото годишно време, зимата не ја поврзуваме само со ладните тонови. Постојат и топли, кои освен што секоја година се актуелни, истовремено важат и за најелегантни за споменатото доба.

Ова се боите со кои дамите изгледаат богато и префинето во текот на зимата:


Чоколадо

Ова е боја што изгледа посебно убаво и топло. При изборот на гардероба, клучно е да пронајдете парчиња во што потемна чоколадна нијанса.

А, доколку и остатокот од комбинацијата ви биде во слични тонови, тогаш ќе добиете потполно избалансиран зимски изглед. Одлично прилега и со посветли бои, како што се карамела или кикирики.


Вино

Ова е боја што ви гарантира луксузен изглед. Добар избор е како за секојдневните прилики, така и за вечерните излегувања. А, подеднакво е топла и драматична, ама и елегантна и заводлива.

Може да се каже дека е една од безвременските владетелки во текот на зимата. Едноставно е да ја комбинирате, бидејќи одговара со повеќето други тонови, така што ќе имате доста простор за креативност.


Сива

Ова е боја што им стана фаворит на мноштво девојки, особено во зимските денови. Таа е неутрална и класична, а посветлите нијанси не се воопшто монотони и стерилни. Напротив.

И неа лесно може да ја вклопите со секое парче од гардеробата за студената сезона, затоа што совршено ја надополнува зимската палета на бои и дезени.


Сенф

Ова е боја што може да се нарече смела и специфична. Таа е совршена за освежување на сивилото кое владее надвор, ама и на вашите аутфити во студените месеци.

Иако се чини како пологичен избор за есен, а не зима, сенф жолтата има моќ да ја трансформира и облагороди буквално секоја модна комбинација, независно од годишното доба.