Зошто ја сакаме боб фризурата?
Боб фризурата – вистински тренд и оваа сезона есен/зима 2019. Листата на славни личности кои веќе се одлучија на овој стил, постојано расте.
Овој тренд одлично изгледа под речиси сите шапки и капи, што е идеално за студеното време.
Вистински модерен избор кој се вклопува на секоја комбинација во студените денови, и изгледа одлично и на тенка и на погуста коса.
Доволно долга за да ви го згрее вратот, а сепак доволно кратка за да не ви го заплеткува шалот.