Како милион долари, во Шанел од глава до пети | Trendseteri
Menu

Како милион долари, во Шанел од глава до пети


Блејк Лајвли, заблеска на модната ревија во Њујорк

На ревијата на Шанел, што се одржа во музејот на уметност Метрополитен во Њујорк, присуствуваа бројни познати дами од светот и шоу бизнисот, помеѓу кои и Блејк Лајвли, која успеа сите погледи да бидат вперени во неа. Таа заблеска во Шанел од глава до пети и уште еднаш ја потврди титулата на модна икона.

2 х 20 минути неделно до совршено тело

31- годишната убавица, која моментално го промовира нејзиниот нов филм, кој се очекува во кината во 2019 година, пленеше внимание, додека се симнуваше по скалите облечена во парчиња од глава до пети со потпис на Карл Лагерфелд за модната куќа Шанел.

Славната актерка изгледаше како милион долари во впечатлив мини фустан со сребрени шљокици, бела, кратка, сатенска кошула со бел појас на струкот и секси бели чизми до над колена украсени со нитни и шљокици.

Колку нејзиниот стил е посакуван потврдува фактот што Џулија Робертс неодамна изјави дека сонува за тоа да е прекрасна со стил како Блејк Лајвли.