Бисерот - Безвременски и драгоцен | Trendseteri
Menu

Бисерот – Безвременски и драгоцен

Затоа што секоја дама заслужува безвременски, уникатен и драгоцен накит


Целосно е кога има сè, а совршено е кога вашиот изглед ќе го заокружите со впечатлив накит.  Комплетната слика на една дама секогаш е финиширана со изборот на модни додатоци кои зборуваат за нејзиниот карактер, стилско чувство и естетика. Затоа, изборот на уникатен накит е секогаш исклучително значаен дел во имиџот на современата дама.

Бисерите се вистинска класика и безвременски во светот на модата. Гаранција се за отмен изглед, без разлика дали ги носиме за важни настани, за прослави или пак, како елегантен додаток на деловниот костум.

Имено, кога зборуваме за бисерот секогаш ни паѓа на памет дека токму тој е пронајден во школка, меѓутоа Охридскиот Бисер има поспецифичен метод на изработка. Охридскиот Бисер не е најден ви школка, туку тој се изработува на тој начин што се зема најблескавиот (внатрешен) дел од школката истиот добро се преработува И се добива саканата форма- седефасто зрно. Вториот процес на обработка на бисерот е премачкување на веќе добиеното седефастото зрно со емулзија која се добива од крлушката на охридската риба-плашица. Крлушката се преработува во големи казани во кои се става хемиски состав за истата да се згусне и сврзе. Со вака добиената бела емулзија секое седефасто зрно инивидуално се премачкува неколку пати со четка од висок квалитет и вака добиениот производ се нанижува на рибарски конец за на крај да се формира огрлица и истата може да се нарече Охридски Бисер.

Фамилијата Ристески е првата фамилија која ги изработува Охридските бисери уште од далечната 1954 година во Св. Наум.

Тајната за изработката на Охридскиот Бисер дури и денес е една од најдобро чуваните тајни на оваа фамилија која изработува бисери соединети во креативни бисерни огрлици и нараквици.и се пренесува веке четврта генерација од колено на колено.

Бисерите на фамилија Ристески може да ги најдете во Скопје во City Mall, Capitol Mall и Ramstore Mall. 
Доколку го посетете Охрид, бисерите ќе ги најдете во Острово – Св. Наум и во центарот на Охрид.

За нови колекции, акции и повеќе информации посетете кликнете тука: Охридски Бисер фамилија Ристески