Уживајте со "Бионда Бенд" и нивниот репертоар на безвременски музички хитови | | Trendseteri
Menu

Уживајте со “Бионда Бенд” и нивниот репертоар на безвременски музички хитови

Уживајте со “Бионда Бенд” и нивниот репертоар на безвременски музички хитови

 

 

Весна Илиќ Павловска – вокал, Бојан Дамјановски – вокал и гитара и Павел Мишевски – вокал и клавијатури, тоа е составот од музичари на “Бионда Бенд”. Тоа е тимот што секогаш ги полни локалите каде што настапува, тоа е тимот што секогаш ги прави забавите луди и незаборавни, тоа е тимот што секогаш победува. А тимот што победува, не се менува нели?

 

Нивната посебност не се состои само од нивната образованост и талент, она што е многу поважно Бионда е бенд чиј звук излегува од душа. Познати по преработки на веќе испеани и познати домашни и странски хитови, како и  нивната авторска песна “Ако си одиш” во соработка со добропознатите Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска.

“Во иднина ќе следат уште многу преработки на  познати хитови, а наскоро ќе снимиме уште една авторска песна. Подготовките се во тек и  верувам дека новата песна ќе ви се допадне на сите” – изјави Бојан за Трендсетери.

За повеќе инфомации околу нивните настапи можете да погледнете на нивната официјална страна на фејсбук како и на нивниот youtube канал. Уживајте во “Бионда Бенд” и нивниот богат репертоар исполнет со безвременски македонски и странски рок хитови.