Билјана Шкортова | Trendseteri
Menu

Билјана Шкортова

Совршен спој, гаранција за успех

 

Една слика илјада зборови и уште толку претпоставки. Заедничката фотографија која Шкортова ја објави на нејзиниот Инстаграм профил – заедно со најпознатиот Индијски актер Џозеф Виџеј Чандрашекар, открива очигледно задоволство од успешна соработка на овие две ѕвезди во текот на снимањето на Боливудскиот филм кој претендира да биде хит уште пред да е прикажан. Шкортова неодамна заврши со снимање на сцените за Боливудскиот филм и изјави дека се чувствува привилегирано од можноста да се појави на филмското платно заедно со една од најголемите индиски ѕвезди и дека е импресионирана од професионалноста на тимот кој се грижел за неа во текот на снимањата.

„Задоволна сум од тоа како ја изнесов улогата која ми беше доверена и верувам дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму во некој следен проект“ додаде Шкортова. Дали ваквиот совршен спој меѓу најпознатиот индиски и македонски бренд е само почеток на многу нови остварувања – останува да видиме. За сега со право претпоставуваме дека Шкортова ќе ја освои индиската публика со иста леснотија како што ги освои сите досегашни титули за убавина.