Бикини кои ласкаат на вашата фигура | Trendseteri
Menu

Бикини кои ласкаат на вашата фигура

Вистинско време е за бики, и тоа со висок струк


Бикините со висок струк, карактеристични се за 50-тите години, а по мини бикините и оние со врвци од страна, повторно на пиедестал се овие со висок струк, кои ќе сокријат по некој недостаток, но и понатаму ќе изгедате заводливо и со доза сексапил.
 
Особено се популарни затоа што ласкаат на секој облик на телото, без оглед на градбата, а изборот е огромен, од еднобојни до многу шарени со различни принтови.
 
Како и секоја година, тропскиот принт и оној со цветови се најпопуларните принтови кои ги красат бикините, а дополнително се додадени и панделки, врвци или реси.