Хороскоп - Бик | Trendseteri
Menu

Бик

Бик

 

21. Април – 20. Мај

 

Бик – жени

Таа е чувствителна, тивка и трпелива по природа, со силно чувство за хармонија и за сè што е убаво. Таа е настроена кон својата цел и не се плаши напорно да работи за да ја постигне.
Љубовта ја сфаќа многу сериозно и затоа за неа лојалноста е од големо значење. Кај неа не постојат безопасни флертови. Затоа потребно е многу трпение за да се освои срцето на жената Бик. Но ако успеете во тоа, ќе бидете среќни цо неа сè до старост.

Бик – мажи

Природноста, мирот и искреноста ја карактеризираат неговата личност. На него може да се потпрете целосно. Неговата практичност е придружена со упорност и настроеност кон целта. Ова е особено точно при изборот на партнер.
Кога некој ќе му го привлече вниманието, не го пушта од раце толку лесно. Во врска, довербата ја става на прво место. Затоа поминува многу врееме барајќи ја вистинската лучност која ќе биде среќна со него.