Биди “ин” и во теретана | Trendseteri
Menu

Биди “ин” и во теретана

Не, фитнес облеката не мора да биде досадна

 

Нели ви е потребна целата сила на светот да ве натера да отидете во теретана и да вежбате? Ако е така, може да размислите и за гардероба која дополнително може да ви помогне да соберете сили и да го направите првиот чекор. И не, фитнес облеката не мора да биде досадна и монотона.

Доказ за ова е новата колекција на модните брендови KITH Women и MISBHV кои својата прва соработка ја остварија уште во 2018 година. Во новата колекција преовладуваат електричните и интензивни бои како зелената, виолетовата и сината, кои се совршени за сите оние кои фитнес облеката им е досадна и монотона или пак девојките на кои им е потребна дополнителна мотивација за да почнат да вежбаат.