Симбол за елеганција и минимализам
Белата боја отсекогаш била симбол за елеганција и минимализам, а особено сакаме да ги носиме и комбинираме белите тонови во потоплите месеци.
Изборот на комбинација во бело од глава до пети е одличен за дами кои сакаат едноставност, свежина и минимализам.
Многу е важно да знаете дека основен трик за таквата монохроматска комбинација да не изгледа монотоно, е комбинација од различни текстури и материјали со што вашиот изглед ќе добие димензионалност.