Бели широки панталони | Trendseteri
Menu

Бели широки панталони

Совршено елегантни и совршено лежерни


Иако белите панталони не се омилен избор на некои жени бидејќи се тешки за одржување, тие се всушност совршен избор за жешките летни денови. Со нив можете модно да експериментирате, да ги носите со елегантни маички и кошули, но и да ги комбинирате во лежерен „рокерски“ стил.

Елегантните бели панталони можете да ги носите и во секојдневни прилики, во комбинација со широка маичка со лого. Ова е навистина модерно!

Исто така, можете да ги комбинирате со сите бои – изборот е на вас. Нема да згрешите и доколку се облечете целосно во бело. Баш напротив, ќе оставите одличен впечаток.

Доколку сакате да ја засените невестата, белите панталони се идеални за свадби. Токму ваква модна комбинација и изгледаа едноставно неверојатно.