Бела маица | Trendseteri
Menu

Бела маица


Летни комбинации со бела маичка


Белата маичка со кратки ракави е неизоставен дел од секој женски гардеробер, а во лето дефинитивно е едно од парчињата кои најлесно се комбинираат.

Може да ја облечете буквално со сè и е супер избор за кога сакате да им додадете доза на лежерност и опуштеност на секојдневните комбинации.

Добро одговара и со фармерки и со лелеави здолништа, и под фустани на тенки прерамки, како и со ленени широки панталони.

Со неа немате ограничувања, па овие летни аутфити само ќе ви помогнат во моментите кога не знаете што да облечете.