Ден на танцот во Тренд со Beatrix Crew & MusaiQ Band
Сите љубители на танцот, млади и возрасни, и дел случајни гости денес беа во можност да бидат дел од едно незаборавно dance искуство во кафулето Тренд во Аеродром. Имено, светските вицешампиони од 2015 година “Beatrix Crew”, го лансирааа нивниот “Generosity” проект односно нивната триесетдневна мисија во обид да пронајдат сограѓани кои ќе им помогнат односно ќе донираат средства за да се покријат трошоците за нивниот настап на ESDU World Dance Masters – Светското првенство во модерни танци кое се одржува на 22-28 мај во Пореч, Хрватска, каде со гордост ќе можат да ја претставуваат Македонија.
Тие одржаа бесплатни танцови работилници за деца во новата игротека на локалот. Потоа следеше и нивниот настап каде присутните гости едноставно беа воодушевени и исполнети со позитивна енергија.
Пред 2 години тимот на Beatrix Crew беше вицешампион, а оваа, со ваша помош, тие се надеваат дека ќе го остварат својот сон, ќе отпатуваат за Пореч и таму ќе заседнат на светскиот трон!
Сите детали како и можноста да бидете дел од “GENEROSITY” проектот на Beatrix Crew ги имате на следниов линк.
Во меѓувреме, сите присутни ја имаа таа чест да уживаат во прекрасната музика на добропознатите “MusaiQ-Band” кои направија вистински спектакл и дневна журка која ќе се памети.
Атрактивната пеачка Калина Велковска дефинитивно беше во центарот на вниманието, Иван Петровски – гитарист, Петар Лукиќ на клавијатури, Никола Бочваров на бас и Александар Ванчовски – тапани. Едноставно бенд чиј звук излегува од душа. Екипата на Трендсетери имаше можност ексклузивно, во живо да емитува дел од нивниот настап на нашата фејсбук страна. Посебни, различни од другите и компактни во една целина.
Musaiq
Posted by Трендсетери on Samstag, 20. Mai 2017