Сликата се самоуништила во моментот кога е продадена (Видео) | Trendseteri
Menu

Сликата се самоуништила во моментот кога е продадена (Видео)

Најпознатата Бенксиева слика се самоуништи во моментот кога е продадена за 1 милион фунти

 

„Девојчето со црвен балон“, една од најпознатите слики на „Banksy“, уметник со непознат идентитет, била една од главните атракции на аукцијата од аукционерската куќа „Sotheby’s“ на која се продаваа дела од современата уметност во Лондон.

Сликата прикажува девојче како се движи кон црвен балон во облик на срце, а направена е со спреј во боја и акрилна боја на платно и е една од најпознатите слики од овој уметник.

Аукциската куќа изјавила дека сликата е потпишана, дека има посвета и дека нејзиниот прв сопственик ја набавил од уметникот во 2006 година.

Победникот на аукцијата се јавил на телефон околу 21:00 часот и понудил многу повеќе од проценетата вредност.

Меѓутоа после спуштањето на чеканот од страна на водителот на аукцијата, сликата се распаднала. Испаднала сама од рамката, исецкана на ленти.

Доколку уметничко дело се оштети додека е во аукциската куќа, од купувачот не се очекува да ги даде парите и да го земе тоа дело, но можеби оваа слика би била дури и повредна вака исечена. Начинот на кој се случило тоа е поспектакуларен и од на филм.

Едно е јасно, дека самиот уметник е вмешан во подвалата, затоа што на својот инстаграм профил објавил пост со исечена слика со коментар „оди, оди…отиде“.

Неколку саати после аукцијата, Banksy исто така објавил снимка во која објаснува дека неколку години порано во рамката сокрил механизам за сечење хартија. Воедно објавил и цитат од Пабло Пикасо „Поривот за уништување е исто така творечки порив“.

Вистинскиот идентитет на овој уметник од Бристол е непознат, а светски познат станува по серија графити низ Британија и светот. Со своите сатирични графити често покажува духовно незадоволство од војната и капитализмот.