Балман со ексклузивна црно-бела колекција | Trendseteri
Menu

Балман со ексклузивна црно-бела колекција

Елеганција и женственост во париски стил

 

Француската модна куќа од нејзиното основање во 1946 година од страна на Пјер Балман, се истакнува по уникатниот стил на женственост и елеганција.

Оливиер Ројстинг кој дојде на позицијата креативен директор во 2011 година, дополнително го дефинираше стилот на луксузната модна куќа, а Балман стана синоним за гламур и сексепил кој го обожаваат трендсетерките, моделите и инфлуенсерките. Ројстинг ги нарекува “Balmain Army”.

Сега повторно 33-годишниот директор излезе со колекција која ќе ги исполни желбите и очекувањата на трендсетерките ширум светот. Се работи за екслузивна колекција, втора по ред, чиј дизајн е дело на Балман за престижната модна платформа Net-a-Porter.

Колекцијата се состои од 16 прекрасни ready-to-wear парчиња во црно-бела боја, кои го истакнуваат типичниот париски стил на облекување и зрачат со елеганција и женственост.