Baileys ликер - Начини како да го пиете | Trendseteri
Menu

Baileys ликер – Начини како да го пиете

Нека ве води празничното расположение

 

Baileys Irish Cream е одличен со само неколку коцки лед, ама е исто така поволен за експериментирање. Нека ве води празничното расположение.

Бејлисот може да се пие чист, но исто така да се комбинира со кафе, кекси, чоколадо, маскарпон вид на сирење. Изненадете ги вашите пријатели и семејството со овие феноменални рецепти:

Baileys Honey Espresso Affogato

200 мл. Baileys ликер

8 кафени лажички сладолед од страчатела

Кекси по желба

8 шотови еспресо

Мед

Чоколаден сируп

Додајте лажичка сладолед во 4 чаши, малку кекси, чоколаден сируп и мед. Повторете го процесот и одозгора прелијте ги чашите со по 50 мл. Baileys и 2 шота еспресо.

Baileys Chocolate Coffee Float

200 мл. Baileys ликер

100 гр. Бела чоколада, ситно сецкана

50 мл. Млеко

300 мл. Слатка павлака

500 мл. Студено кафе (филтер, нес или американо)

Бели чоколадни мрвици и зрна кафе

Сос од карамела

Ставете ја чоколадата во топлото млекото и мешајте додека смесата не се соедини. Кога ќе олади додадете ја слатката павлака и помешајте.

Во 4 големи чаши со мраз ставете Baileys, кафе и чоколадната смеса. Декорирајте со чоколадните мрвици, зрна кафе и сируп од карамела.

Baileys Tiramisu Martini

200 мл. Baileys ликер

160 мл. Јако кафе

4 кафени лажици кафеав шеќер

120 гр. Кршени пишкоти

250 гр. Маскарпон сирење

50 мл. Млеко

Промешајте го топлото кафе и шеќер и оставете го да се излади. Во блендер ставете Baileys, пишкоти и 4 коцки лед. Во чинија промешајте го млекото и маскарпон сирењето, а после тоа додајте ја Baileys мешавината и мешајте додека смесата не се соедини. Сервирајте во 4 мартини чаши, декорирајте со какао одозгора и уживајте.

Baileys Cookies Milkshake

100 мл. Baileys ликер

350 мл. Млеко

2 лажици путер од кикиритки

Чоколаден прелив

Сецкана чоколада и ореви

Кекси мрвици

Рабовите на чашата натопете ги во чоколадниот прелив, па потоа во кекси мрвиците. Во блендер ставите кекси, Baileys и 200 мл. млеко и ставете во 4 –те чаши со лед. Потоа во блендерот ставете го путерот од кикиритки, чоколаден прелив и остатокот од млеко и дополнете ги чашите. Декорирајте со чоколадните мрвици, кекси мрвиците и оревите.