Запознајте ја Ајана - "Не ме моли | Trendseteri
Menu

Запознајте ја Ајана – “Не ме моли”

Мирјана Милановска

 

Префинето и со стил кој плени со својата природна убавина, шарм и моќен вокал. Запознајте ја 19 годишната талентирана Мирјана Милановска или Ајана, новото музичко име на македонската сцена.  Музиката и текстот на песната “Не ме моли” се на самата Ајана, aранжманот е на Иван Јованов – Ивајо, додека пак видео спотот го изработи режисерот Гордан Божиновски – God Eye Production.

Ајана со музика започна да се занимава на своја шест годишна возраст свирејќи на пијано, потекнува од музичко семејство и од редовите на музичкото училиште во Куманово, каде и ги остварува првите настапи како соло пејач на училишните концерти. 

Погледнете го видео записот во продолжение…